Вашингтон сака да ја сопре изградбата

Стејт департментот: Северен тек 2 е средство за продолжување на руската агресија врз Украина

Гасоводот Северен тек 2 е средство кое Русија го користи за да ја продолжи непрекинатата агресија врз Украина која сака да ја спречи што повеќе да се интегрира со Европа и Соединетите Американски Држави, соопшти американскиот Стејт департмент во најновиот документ наречен „Фактите за противењето на САД на Северен тек 2“.

„Северен тек 2 би ѝ овозможил на Русија да ја одмине Украина во процесот на транзит на гасот кон Европа, што на Украина би ѝ одзело значителни приходи и би ја зголемило нејзината ранливост на руската агресија“, се наведува во документот на Бирото за енергетски ресурси на Стејт департментот.

Во документот се потсетува дека претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша законот за буџетот за националната одбрана (НДАА) за фискалната 2020 година, кој го опфаќа одделот 7503 (д), познат и како закон за заштита на енергетската безбедност на Европа од 2019 година.

Се укажува и дека Северен тек 2 би помогнал да се зачува значителната зависност на Европа од рускиот природен гас, со што европските партнери и сојузници на САД се изложуваат на економска и политичка ранливост и се додава дека поради тоа владата на САД и многу европски земји се противат на гасоводот.

Во текстот се наведува дека вклучените тсрани мора да се погрижат бродовите кои учествуваат во изградбата на Северен тек 2 веднаш да ги прекинат активностите, како што укажа Канцеларијата за контрола на странските средства, инаку ќе се соочат со санкции, како што е опишано во законот за заштита на енергетската безбедност на Европа.

„Владата на САД силно ја поддржува диверсификацијата на снабдувањето со енергија, бидејќи опциите помагаат во намалувањето на улогата на геополитиката на енергетските пазари, придонесуваат на падот не цените и подобрувањето на енергетската безбедност на една земја“, се додава во документот и како пример се наведува фактот дека ја имале на располагање можноста за увоз на американски природен течен гас (ЛНГ), која на европските потрошувачи би им заштедела осум милијарди долари во преговорите за намалување на цените со постоечките доставувачи.

Стејт департментот заклучува дека ќе се раководи буквално според новиот закон за трошоците за националната одбрана, кој на државниот секретар му дава рок до 60 дена да поднесе извештај во Конгресот за идентификација на ентитетите кои го кршат тој закон.

Ставот на САД кон Северен тек 2 беше доследен за време на повеќе администрации, како дел од долгогодишната пракса на промовирање енергетска безбедност преку диверсификација на снабдувањето со енергија, според земјата на потекло, патот на испораката, видовите гориво, вклучувајќи ги обновливите извори на енергија.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе