Поради зголемените тензии по убиството на иранскиот генерал

Стејт департментот ги повика американските државјани веднаш да го напуштат Ирак (ФОТО)

Американскиот Стејт департмент ги повика американските државјани веднаш да го напуштат Ирак, поради зголемените тензии во регионот по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, пренесуваат американските агенции.

На американските државјани им се препорачува и да не ѝ приоѓаат на амбасадата на САД во Багдад, која неколку дена беше мета на напади на демонстранти.

„Поради нападите на милициите поддржани од Иран врз комплексот на амбасадата на САД, сите конзуларни активности се суспендирани“, соопшти Стејт департментот.

Иран вети „жестока одмазда“ откако во американски воздушен напад во Ирак беше убиен командант на Иранската револуционерна гарда.

Француската влада исто така ги предупреди своите граѓани да избегнуваат собирања во Иран. На граѓаните им се советува да бидат „внимателни и дискретни“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе