Стапката на ширење на коронавирусот во Холандија е во пад

Директорот на холандскиот Национален институт за здравство Јап ван Дисел изјави денеска дека, врз основа на неговите процени, растот на преносот на коронавирусот во земјата е значително забавен.

Во сведочењето пред парламентарната комисија, Ван Дисел рече дека според проценката на институтот во моментов едно заразено лице заразува околу едно лице.

Тоа значи дека „експоненцијалниот раст на епидемијата веројатно е запрен“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Бројот на новопотврдени случаи во Холандија вчера се зголеми за 17 проценти во однос на еден ден порано на 5.560, според податоците на Институтот.

Овие податоци веројатно ги рефлектираат заразите од почетокот на март, пред владата да забрани јавни собири и да ги затвори училиштата.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе