„Т-такса“

Стапи во сила новата такса за загадувањето во Лондон

Возачите на возилата што најмногу загадуваат се соочуваат со дополнителен дневен надомест за возење во центарот на Лондон според шемата воведена во понеделникот, која има за цел да го подобри квалитетот на воздухот во еден од најзагадените градови во Европа.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан тврди дека со воведувањето на новата „токсична такса“ за работни денови - наречена „Т-такса“ - Лондон ги има „најтешките стандардите за емисија во светот“, пренесе АФП.

Надоместокот од 10 фунти (11.2 евра) е додаток на дневниот надомест од 11,50 фунти за метеж и следеше по наредбата од страна на Европската унија за Британија да го намали загадувањето на воздухот.

Кан, кој ја објави таксата во февруари, рече дека е „решен да преземе итни мерки за да помогне во расчистувањето на смртоносниот воздух во Лондон“.

„Лондон се соочува со срамна скала на јавна здравствена криза, со илјадници преуранети смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот, што мора да се решат“, рече тој.

Таксата се однесува на сите автомобили на бензин и дизел регистрирани пред воведувањето на еколошките стандарди за емисии Еуро 4 во 2005 година.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе