Срушен е топлинскиот рекорд во Австралија

Во Австралија вчера, 17 декември, била измерена просечна максимална температура од 40,9 степени Целзиусови и тоа е најтоплиот ден од почетокот на мерењето, соопшти австралиската метеоролошка служба.

Претходниот топлински рекорд беше во јануари 2013 година кога просечната температура беше 40,3 Целзиусови степени, вели службата. Новиот рекорд се очекува наскоро да биде надминат поради ширењето на врелиот бран, кој би можел драматично да ги засили шумските пожари во земјата.

„Прелиминарните податоци покажуваат дека вчера беше најтоплиот ден регистриран досега, со температури над 45 Целзиусови степени во внатрешноста на земјата и со мошне распространета маса на топол воздух“, рече метеорологот Дијана Иди и додаде дека температурите дополнително ќе се зголемат.

Рекордни температури беа измерени оваа недела во државата Западна Австралија, каде што пожарникарите се борат со пожарите, кои опустошија илјадници хектари. Топлинскиот бран се движи кон центарот за земјата во правец на исток, каде што пожарите веќе однесоа десетици илјади хектари вегетација и уништија повеќе од 700 домови.

Пожарите предизвикаа многу Австралијци да излезат на демонстрации за да ја осудат пасивноста на конзервативната влада во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.

Властите за денеска ги предупредија жителите на источниот брег на нова закана, ветер со налети од 100 километри на час, што може уште повеќе да ги разгори пожарите, кои беснеат и излегуваат од контрола.

„Пожарникарите, службите за итни случаи и локалното население ќе се соочат со нова закана во наредните денови“, изјави службеник во пожарникарската служба во руралните зони на Нов Јужен Велс.

Таму се очекува температурите в четврток да достигнат до 45 Целзиусови степени.

Најмалку три милиони хектари се уништени во пожари низ целата земја, а шест лица го загубија животот во стотици пожари последниве месеци, вклучувајќи го и мегапожарот што гори северно од Сиднеј.

Властите укажаа на вонредна состојба за јавното здравје во Сиднеј, најголемиот град во земјата, поради токсичниот чад што со недели се шири низ градот. Пожарите се вообичаени кога се приближува австралиското лето, но оваа година се појавија рано и се исклучително силни.

Научниците проценуваат дека загревањето на климата придонесува и создава услови што ги поттикнуваат пожарите.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе