Српските таблоиди повикуваат на војна: „Муслиманите сакаат да колат Срби“ (ФОТО)

На Балканот повторно се тропа по воените тапани. Контроверзниот референдум што в сабота треба да се одржи во Република Српска ги доведе односите меѓу Србија и БиХ до вжештување.

Во центарот на сѐ е спорниот референдум со кој граѓаните на РС треба да одговорат да поддржуваат 9 јануари да продолжи да биде и да се слави како Ден на Република Српска. Уставниот суд на БиХ во ноември 2015 реши дека одбележувањето на тој датум е дискриминирачко за Хрватите и Бошњаците во РС бидејќи потсетува на датумот од 1992 кога беше прогласена република на Србите во БиХ. Според одредбите на Дејтонскиот договор одлуките на Уставниот суд на БиХ се конечни и обврзувачки па затоа инсистирањето на властите на РС на спроведување на референдумот во Федерацијата БиХ се оценува како кршење на Договорот, уривање на владеењето на правото, и закана по стабилноста на државата.

Сараево во сето ова гледа обид на Бања Лука дополнително да ја дестабилизира БиХ и да направи чекор кон отцепување. Сефер Халиловиќ, поранешниот воен командант на Армијата на БиХ изјави дека ако се спроведе референдумот повеќе нема да важи Дејтонскиот договор, а „потоа Бог нека ни помогне на сите, нека ни даде прво разум, а потоа сила да ставиме крај на целата приказна“.

Тој кажа дека РС во евентуален конфликт не може да издржи повеќе од 10 до 15 дена, оценувајќи дека во БиХ „апсолутно“ постојат луѓе спремни за војување.

Властите во Белград, пак, иако во последните недели беа критични кон одржувањето на референдумот, веднаш јасно застанаа на страната на Република Српска.

Дел од српските медиуми веднаш се распишуваа за нова војна во БиХ, а во хушкањето се истакнуваат таблоидите Информер и Курир.

„Во Сараево се спрема големо зло. Сакаат војна – сакаат да колат Срби“, гласи насловот на вчерашната насловна страница на Информер.

„Вонредна состојба во РС“, пишува Курир. „Ако сакате војна во Босна, ќе ја добиете“, се повикува Курир на изјава на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ додава дека „муслиманите имаат воен план да ја уништат Српска за 10-15 дена“.

И весникот Вечерње новости пишува за изјавите на Халиловиќ.

„Халиловиќ се закани – ќе ја уништиме РС за десет дена“, гласи насловот на весникот. „Воениот генерал на БиХ повторно тропа со оружје“.

Босанските медиуми не се занимаваат со овој случај, или барем не му посветуваат толкаво внимание за да го стават на насловната страница.

На насловната страница на најчитаниот дневен весник во БиХ, Дневни аваз, ударна вест на вчерашното издание е прифаќањето на барањето на БиХ за членство во ЕУ.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе