Српските студенти во Париз го пречекаа Вучиќ со транспаренти „Ти си ковидот на Србија“ (ФОТО)

Група српски студенти и докторанди што студираат во Париз го пречекаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред резиденцијата на српскиот амбасадор со транспаренти на кои пишуваше „Ти си ковидот на Србија“, објави на Фејсбук уредничката на Нова економија со фотографии.

Советничката на претседателот на Србија за медиуми, Сузана Васиљевиќ, на Твитер реагираше на оваа објава, наведувајќи „ќе почекате вие деца уште малку“, додавајќи дека Вучиќ и Макрон моментално слушаат композиција на Клод Дебиси.

Претседателот Вучиќ во Париз се сретна на работна вечера со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Макрон и Вучиќ разговараа пред денешниот видеосамит меѓу Србија и Косово и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ в недела.

Домаќини на видеосамитот меѓу Србија и Косово се Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе учествуваат и Вучиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти, европскиот министер за надворешни работи Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе