Српските медиуми: Вучиќ размислува за целосно затворање на Белград поради коронавирусот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва ќе објави нови мерки за Белград по повод влошувањето на епидемиолошката ситуација во главниот град на државата, дознава Блиц.

EPA-EFE

Вучиќ, како што пишува весникот, новите мерки треба да ги соопшти вечерва на РТС, каде што гостува по состанокот на Кризниот штаб.

Како што му е неофицијално потврдено на Блиц, се размислува за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или, што е многу поверојатно, за целосно затворање на градот, што ќе значи забрана за влегување и излегување од градот.

Вчера во Србија за коронавирусот биле тестирани 8.626 лица, 272 биле позитивни, а четири лица починале. Забележан е и најголемиот скок на бројот на пациенти на респиратори – од 42 на 73. Најголемиот број на заразени со коронавирусот се од Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе