Српски суд ги ослободи мажите кои со моторна пила влегоа во зградата на РТС

Белградски суд ги ослободи вечерва двајцата перформери кои беа уапсени по упадот на демонстрантите во зградата на Радио телевизија Србија и се обвинети за насилничко однесување бидејќи во зградата внеле моторна пила.

По сослушувањето на осомничените судот донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството за одредување притвор. Обвинителите на таа одлука можат да се жалат во рок од три дена.

Двајцата рапери, Миња Пернат и Милијан Чичиќ на јавноста се познати по уличните перформанси и сатиричните песни против власта.

Прекршочниот суд по итна постапка веќе процесираше седум лица, шестмина се осудени на 30 дена затвор, едно лице на парична казна, а против две ќе се води прекршочна постапка во редовна процедура.

Лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија бараа ултимативно ослободување на сите уапсени и најавија организирање мирни протести и дежурства пред кабинетот на претседателот Александар Вучиќ, истакнувајќи дека тоа е местото од кое, „согласно уставот и законот“, тие можат да бидат ослободени, алудирајќи на овластувањата на српскиот претседател за помилување.

Вучиќ претходно денес кажа дека има право на помилување во текот на кривична постапка, но не и во случај на прекршок. Објасни дека на жалбениот прекршочен суд не може да влијае како претседател, но може „како човек“.

Еден од уапсените и прекршочно казнети на 30 дена затвор е матурант, а неговото ослободување, со поддршка од професорите, во понеделникот побараа и колегите од белградската Филолошка гимназија, заканувајќи се, ако не биде ослободен за 48 часа, дека ќе ги повикаат сите ученици од средните училишта на улица на протести.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе