На 21-годишнината од бомбардирањето

Српски новинарски здруженија бараат НАТО да одговара за убиството на 16-те работници на РТС

Здружението на новинари на Србија (УНС) и Синдикатот на Радио-телевизија Србија (РТС) соопштија вчера, по повод 21-годишнината од убиството на 16-те медиумски работници во НАТО бомбардирањето на РТС, дека одговорните за тоа воено злосторство не смеат да останат надвор од досегот на правдата.

Во соопштението се наведува дека сите позначајни меѓународни организации за заштита на човековите права го осудиле убивањето на цивилите во РТС, а дека АМнести интернешнал намерниот напад врз зградата на РТС како цивилен објект и убивањето на 16 медиумски работници го смета за воено злосторство.

Тие потсетија дека со бомбардирањето на РТС во 1999 година „НАТО воспостави пракса на употреба на воена сила против медиумите во меѓународните конфликти без никој од таа воена организација да не е повикан на одговорност поради злосторствата врз новинарите“.

Тие наведоа дека американскиот истражувачки новинар Џереми Скејхил на минатогодишната меѓународна конференција „Крај на неказнивоста за злосторствата врз новинарите“, која ја организираа УНС и РТС, се извини во име на својата држава за тоа што, како што кажа, за време на бомбардирањето на НАТО таа ладнокрвно ги убила 16-те работници на РТС.

„Она што САД го направија беше воено злосторство, а ниеден човек никогаш не беше изведен пред лицето на правдата. Се молам и се надевам дека правдата ќе биде задоволена“, кажа тогаш Скејхил.

Српските новинарски организации кажаа и дека очекуваат Комитетот за заштита на новинарите од Њујорк на својата листа на убиени новинари и медиумски работници да ги вклучи и 16-те работници на РТС.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе