Српски министер: Србите треба да се однесуваат како Албанците во деведесеттите

Министерот во српската влада Расим Љајиќ кажа дека Србите на Косово треба да се однесуваат како Албанците во деведесеттите години.

Тој објасни дека Србите би требало за сѐ што им се случува, а особено за нападите што ги доживуваат, да ги информираат сите меѓународни организации, како што тоа го правеа Албанците во деведесеттите години.

Зборувајќи за последниот инцидент на Косово, во кој група Албанци каменувала автобуси во кои биле Срби од местото Исток, Љајиќ оцени дека тој инцидент нема врска со политиката, туку со основните човекови права и безбедноста на луѓето кои се предмет на напади само поради верата.

„Србите треба да се однесуваат како Албанците во деведесеттите за сѐ што им се случува да ја информираат меѓународната заедница. Иако тоа ништо нема да реши, ќе го сврти вниманието на јавноста. Бидејќи, светот прилично се смени за последните 10 години и сите станаа чувствителни на загрозувањето на малцинските и човековите права“, истакна српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации.

Од друга страна, тој објасни дека „сета оваа атмосфера покажува дека косовскиот проблем не е ни блиску до решавање“. Од една страна, според него, нема спремност на Приштина, ни демократски легитимитет да се спроведат потребните промени. Од друга страна, меѓународната заедница има други проблеми во фокусот, а Србија ќе треба да почека тоа прашање да дојде на нивниот дневен ред, кажа Љајиќ.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе