Српски аналитичар: Курти призна дека Косово не е држава

Шефот на косовската влада Аљбин Курти зборувајќи за УЧК архивите кажа дека „државата Косово нема што да крие, бидејќи од крајот на војната Косово е под меѓународна управа“.

EPA-EFE

Српскиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ за Б92 наведува дека Курти на овој начин признал дека „Косово не е држава туку протекторат“.

„Ги имавме Унмик, Еулекс, го имавме Хашкиот трибунал, значи најтранспарентната и најотворена земја сме, не само за архивите, бидејќи Косово ги нема. Таа што треба да ги отвори е Србија“, кажа Курти.

Од друга страна Анѓелковиќ истакна дека тоа што Косово е меѓународен протекторат не значи дека „не цвета криминалот“.

„И Сицилија од 1943 до 50-тите години на минатиот век беше под американска управа па мафијата најмногу процвета во тој период. Курти со оваа изјава практично призна дека Косово е протекторат а не држава, и тоа не поради тоа што Србија вели дека Косово е наше, туку токму поради оние кои од Косово сакаа да направат своја колонија“, кажа српскиот аналитичар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе