Српската полиција забрани прошетка за време на Европрајд

Српското министерство за внатрешни работи забрани одржување прошетка по повод Европрајд, која беше најавена за сабота, соопштија организаторите, претставници на ЛГБТ заедницата.

EPA-EFE

Тие на инстаграм профилот на таа манифестација објавија дека во текот на денот официјално им е врачено решение за забрана на прошетката, а забраната потоа ја потврди и српската полиција.

„Белград прајд ќе ги искористи сите расположливи правни механизми да ја сврти оваа одлука. Очекувајте повеќе информации наскоро“, се наведува на социјалната мрежа. Причина за забраната наводно е безбедноста. Бидејќи за тој ден е закажан собир на противниците на тој настан, постои опасност од судир на тие две групи.

Организаторите на Европрајд во повеќе наврати истакнаа дека инсистираат на одржување на прошетката, и ако дојде до забрана од полицијата, што го потврди и еден од организаторите на годинешната манифестација Горан Милетиќ.

Известувајќи за примањето на решението и најавувајќи правни чекори и вложување жалба, Милетиќ кажа дека организаторите на се откажуваат од прошетката без оглед на сè. Истакна дека не постои ниедна причина за забраната и дека всушност е забранета рутата по која е планирана прошетката, а не нејзиното одржување.

Со кревање на знаме во Белград вчера официјално беше отворен првиот Европрајд во југоисточна Европа.

Во Србија со денови владее атмосфера на тензии и оспорување на одржувањето на „парадата на гордоста“, што го предводат десничарски активисти и Српската православна црква. До 2010 ниеден обид за организирање геј парада во Белград не заврши успешно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе