Српската полиција сепак го дозволи Европрајд, ќе маршира и партнерката на Ана Брнабиќ

Еден од организаторите на Европрајд 2022 во Белград Горан Милетиќ денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи на Србија одобрило одржување на парадата во 17 часот, пренесе агенцијата Бета. Тој за агенцијата објасни дека е дадено одобрение за парадата, но на нова траса со почеток кај Уставниот суд, а не кај Народното собрание, што беше трасата која беше забранета пред неколку дена.

Фото: скриншот

Парадата на Европрајд, во одбрана на правата на ЛГБТК+ заедницата во Србија, ќе започне околу 17 часот, по неизвесноста околу нејзиното одржување речиси до самиот крај.

Попладнево Европската Прајд асоцијација (ЕПОА) соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, српската премиерка Ана Брнабиќ изјавила дека парадата во рамки на Европрајд, закажана за 17 часот, може да се одржи.

Организаторите на поворката најавија и дека на илјадниците активисти на рутата на поворката, од Уставниот суд до стадионот Ташмајдан, ќе им се придружат бројни дипломати, претставници на Европскиот парламент, како и други европски и меѓународни претставници.

Како што пишуваат белградските медиуми, зеленото светло за одржување на поворката дошло по преговорите со српската премиерка, во кои лично била вклучена и еврокомесарката за рамноправност Хелена Дали, која е во Белград.

Премиерката Ана Брнабиќ гарантираше безбедност за време на одржувањето на Европрајд. Таа лично нема да присуствува, но во поворката ќе биде нејзината партнерка.

Во центарот на Белград во близина на Собранието на Србија, каде претходно во саботата имаше инцидент кога противниците на Европрајд фрлаа шишиња кон автомобилите и снимателот на Н1, во саботата попладне беше мирно.

Полицијата ги блокираше сите улици во тој дел од градот и потисна мала група луѓе опремени со верски симболи, противници на Европрајд, а приведе повеќе од 30 лица.

Вишото јавно обвинителство во Белград им одреди мерка притвор до 48 часа на сите лица кои учествуваа во нападот на новинарите кои известуваа од манифестацијата во Белград.

Српското МВР пред неколку дена го забрани одржувањето на парадата поради безбедност, со оглед дека истиот ден е закажан собир на противниците на тој собир и дека постои опасност од конфликт меѓу двете групи.

Во Србија со денови владее атмосфера на тензии и оспорување на одржувањето на парадата на гордоста, во што предничат десничарските активисти и Српската православна црква. Српскиот претседател Александар Вучиќ пред три недели најави дека Европрајд ќе биде откажан или одложен, поради безбедносни причини.

Одлуката на Вучиќ да го откаже Европрајд беше критикувана меѓу другите и од САД и ЕУ.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе