Српската полиција чува мурал на Ратко Младиќ од граѓаните на Белград (ВИДЕО)

Вечерва во Белград беше прилично тензично. Група демонстранти, граѓани, активисти на невладини организации, но и членови на опозицијата сакале да го искажат незадоволството околу денешниот инцидент во Његошева улица во Белград, кога муралот на Ратко Младиќ бил гаѓан со јајца, а полицијата апсела.

EPA-EFE

Но, на демонстрантите пред патот им застанала интервентната полиција не дозволувајќи им да пријдат до спорниот мурал.

Како што јавуваат српските медиуми, кордон на интервентната полиција ги блокирал сите приоди до муралот, а на улиците излегле и десничарите, поддржувачи на Младиќ.

Како што јавува Н1, станувало збор за мала група десничари, главно млади мажи. Тие кажале дека се собрале за да го „испочитуваат ликот и делото на Ратко Младиќ“ и да му „искажат благодарност“, а на констатацијата на новинарот на Н1 дека станува збор за осуденик за воени злосторства, еден од присутните кажал дека тие не го признаваат Хашкиот суд.

Активистите си заминале околу 22 часот, но најавиле дека ќе продолжат да се собираат, сè додека муралот на Младиќ не биде пребоен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе