Средба на рускиот и турскиот претседател во Москва

Турскиот и рускиот претседател се состанаа денес на разговори во Москва, чија цел е да се стави крај на непријателствата во северозападна Сирија, каде се вклучени нивните сили и претставници, при што постои закана двете земји да се вклучат во директен воен конфликт.

Двајцата лидери на почетокот на разговорите во Кремљ ја истакнаа потребата за постигнување договор. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека треба да се разработат чекори за да се стави крај на војувањето и да се спречи нарушувањето на билатералните односи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така изрази надеж за изнаоѓање спогодба и укажа на развојот на трговијата меѓу Русија и Турција.

До последната криза, Путин и Ердоган успешно ги координираа своите интереси во Сирија, иако Москва го поддржува сирискиот претседател Башар Асад, додека Анкара ги поддржува непријателите на владата во текот на деветгодишната војна во Сирија. И Русија и Турција се чини се нетрпеливи да избегнат конфронтација, но остро спротивставените интереси во покраината Идлиб ги отежнуваат преговорите за заемно прифатлив компромис, пренесе АП.

Путин му изрази сочувство на Ердоган поради турските загуби во сирискиот воздушен напад, но истакна дека и сириските трупи претрпеле големи загуби. Денес во напад на Идлиб загина турски војник, со што бројот на убиени турски војници од почетокот на февруари се зголеми на 59.

„Треба да разговараме за ситуацијата за да спречиме вакви инциденти и исто така да не ги нарушиме руско-турските односи кои ги негуваме“, рече рускиот лидер.

„Очите на светот се на нас“, рече Ердоган. „Чекорите што ќе ги преземеме, правилните одлуки што тука ќе ги донесеме денес, ќе помогнат да се олесни (загриженоста) во регионот и нашите земји“, пренесе АП.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе