Србинот вицепремиер на Хрватска: Не очекував разбирање од Србија

Потпретседателот на хрватската влада од српската партија СДСС Борис Милошевиќ ги осуди сите воени злосторства, а особено оние извршени над Хрватите во Дневникот на ХРТ.

EPA-EFE

Милошевиќ кажа дека емоциите на вчерашното одбележување на годишнината од воено-полициската акција Олуја во Кник биле силни и измешани.

„Се трудев да бидат сконцентриран, да следам што се случува, да ги слушнам пораките на говорите. Дали тоа е почеток на некоја нова Хрватска? Па можеби, имаше и претходно силни гестови, моќни говори, затоа би кажал дека ова е почеток на еден друг пат на кој оваа влада не смее да сопре“, кажа Милошевиќ.

На прашањето како ја доживеал пораката на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, кој им оддаде почит на сите невини жртви, одговори – лековито.

„Премиерот на тој ден на тоа место да одаде почит кон сите жртви без задршка, да ги осуди сите воени злосторства без задршка, да ги наведе местата на кои биле извршени воени злосторства врз Србите, да искаже разбирање дека голем број, повеќето Срби имаат поинаков поглед врз Олуја, за мене значеше многу, за мене значеше да се чувствувам како рамноправен граѓанин на Република Хрватска и затоа сега би кажал дека како потпретседател на владата и човек ги осудувам сите воени злосторства, особено злосторствата извршени врз Хрватите“, кажа Милошевиќ.

Тој на Фејсбук пред да замине за Книн откри дека татко му бил во хрватската војска и дека му била убиена бабата.

„Мојата приказна мене ми е посебна дека е моја, но верувам дека илјадници Срби од Хрватска се препознале, верувам дека тука се препознале и многу Хрвати и дека токму сега на ова место како член на владата ми беше должност јавноста да слушне приказна на Србин од Хрватска, дека јавноста е созреана да се слушне таква приказна, да се уважи, да не се сфати погрешно“, кажа Милошевиќ.

Коментирајќи ги критиките на негова сметка од Србија кажа дека очекувал дека нема да има разбирање за неговиот вчерашен чин и дека се надева дека со време пораките од вчера и неговото заминување во Книн порационално ќе се анализираат и дека ќе се најде разбирање.

На прашањето дали е дојдено времето некој од Србија да ги признае злосторствата на овие простори, одговори дека тој сигурно нема да зборува како Србија треба да ја води својата политика.

„Факт е дека Хрватска и Србија се соседни земји премрежени низ историјата, со политички, економски, културни и семејни врски, и дека само добрососедска политика може да даде резулат“, порача тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе