Србин вакциниран со Фајзер бил ревакциниран со кинеската вакцина

Жител на Врање, на југот на Србија, стана досега единствениот познат исклучок во националната кампања за вакцинирање бидејќи примил две вакцини од различни произведувачи, јавуваат српските медиуми.

EPA-EFE

Врањанецот Слаѓан Антиќ бил вакциниран со вакцината на Бајонтек/Фајзер, а кога преку електронскиот систем добил СМС-порака за довакцинирање во локалната спортска сала, ја примил вакцината на Синофарм.

Антиќ кажал дека на 28 јануари ја примил првата доза од вакцината на Фајзер, а дека по грешка бил вакциниран со втора доза од кинеската вакцина.

На лекарите им го покажал својот картон за вакцинирање и разговарал со лекарот, а потоа медицинска сестра му ја дала вакцината.

Во еден момент лекарот му кажал дека „кинеската вакцина многу добро штити“, поради што се побунил објаснувајќи дека е вакциниран со таа на Фајзер, но му било објаснето дека на тој пункт ја немаат германско-американската вакцина.

Следеле низа консултации на локални и национално ниво и Антиќ ја добил терапијата, и тврди дека „се чувствува добро“.

Србија е меѓу водечките земји во светот по бројот на вакцинираните на милион жители и кампањата за имунизација ја води преку електронски систем на државно ниво, а досега се дадени повеќе од 1,4 милиони дози, од кои и втората доза ја примиле 512.000 луѓе.

Во Белград во неделата вечерта од Русија стигна контингент од уште 100.000 вакцини Спутник V, а во понеделникот уште 58.500 дози од вакцината на Фајзер.

Со испораката од 100.000 дози од Спутник V Србија надмина два милиони набавени дози, потврди премиерката Ана Брнабиќ и најави дека на 5 март од Кина стигнуваат уште 500.000 дози.

„Ние немаме проблем со вакцините“, им кажа Брнабиќ на новинарите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе