Србија за првпат по осум месеци на помалку од 100 нови случаи на ден

Србија вчера, за првпат по осум и пол месеци, имаше двоцифрен број новозаразени со коронавирусот на дневно ниво, но за ден или два ќе надмине 7.000 жртви на ковид-19.

EPA-EFE

Во последните 24 часа се тестирани 8.327 примероци и потврдени се 89 нови зарази, а помалку од 100 заразени, поточно 67, последен пат имаше на 12 октомври 2020.

Со седум починати, досега вкупно 6.997, Србија е на границата од 7.000 жртви на коронавирусот од почетокот на пандемијата.

На болничко лекување се 274 пациенти, од кои 15 на респиратори.

Србија досега, од 6,9 милиони жители, пријави 4.329.845 тестирани примероци и вкупно 715.693 регистрирани случаи на зараза, по што е на 36-то место на листата на специјализираниот портал Ворлдометерс.

По бројот на умрени на милион жители Србија е на 61-то место на листата, а по бројот на заразени е на 30 позиција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе