Србија синоќа ја погодиле над 15.000 молњи, а облаците ги „гаѓале“ со 829 ракети (ВИДЕО)

Силно невреме со град ги погоди синоќа Банат, Белград и западна Србија. Над 15.000 громови ја погодиле Србија минатата ноќ.

Делови од Србија синоќа ги погоди силно невреме, а во некои краеви паѓаше и град, само на територијата на Чачак синоќа имало над 2.000 молњи.

Чачан, инаку, го држи и рекордот на Србија – во јули 2014 година за два часа биле забележани дури 2.670.

Невреме со град синоќа имало во Ивањица, Чачак, Љиг, Кикинда и Белград, а најмногу дожд наврнало во Зрењанин – 35 литри на метар квадратен за неколку часа, во Кикинда 20 литри дожд за еден час и во Нови Сад 14 литри.

Во Србија ноќеска биле испукани 829 ракети од осум радарски центри, потврди српското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг.

За три часа биле испукани 10 отсто од целата годишна потрошувачка на ракети.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе