Србија се обидува да ги евакуира своите државјани од Карибите

Владата на Србија прави сѐ што може да им помогне на своите државјани на карипскиот остров Сен Мартен, погоден од ураганот Ирма, а помош е побарана и од Шпанија, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Министерството за надворешни работи на Србија ја замолило Шпанија која испраќа на островот авион за евакуација на шпанските државјани, истовремено да ги евакуира и граѓаните на Србија, кажа Дачиќ.

На карипскиот остров Сен Мартен состојбата е и понатаму алармантна по катастрофалните последици што ги предизвика ураганот Ирма.

На островот група од околу 50 државјани на Србија чекаат евакуација, а меѓу нив има и деца помлади од 5 месеци.

Дачиќ кажа дека Шпанците ветиле дека нивниот авион ќе ги преземе и граѓаните на Србија кои се заглавени на карипскиот остров.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе