Србија православниот Велигден ќе го помине во најдолг карантин досега

Србија велигденските празници ќе ги помине во 80-часовен карантин, најдолг од воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата на вирусот, а со одлука на владата за полициски час од петок во 17 часот до вторник во пет наутро ќе бидат практично забранети и сите велигденски прослави.

Одлуката која владата на Србија допрва треба да ја усвои денес ја најави српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерниот дневник на РТС. Тој го најави полицискиот час уверувајќи дека до петок попладне има доволно време луѓето да се снабдат и да ги обојат велигденските јајца „бидејќи тоа главно се прави на Велики петок“ и дека понеделник е „ионака неработен ден“.

Синодот на Српската православна црква побара претходно прекин на забрана за движење поради велигденските литургии, но за епидемиолозите и експертите „нема сомнеж“  и истакнаа дека е „јасен ставот на струката“ за барањето на СПЦ.

„Какво било собирање и однесување кое ќе го зголеми ризикот за настанување инфекција и што било друго што е висок ризик, генерално, за здравјето на популацијата. Немаме компромиси и мислењето на струката е многу јасно“, порача д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ од српскиот Кризен штаб.

Вучиќ најави и дека на пензионерите постари од 65 години, кои од воведувањето на вонредната состојба на 15 март имаат забрана за движење, од следната недела ќе им биде дозволена получасовна прошетка до 300 метри од местото на живеење, три пати неделно, а ќе им бидат обезбедени хируршки или заштитни маски.

„Само ги молам луѓето да сфатат дека овие мерки ги воведуваме за да спасиме животи“, истакна Вучиќ.

„Ќе победиме, можеби и побрзо од многу други и побрзо отколку што многумина мислат, но за тоа ни е потребна дисциплина“, им порача на сонародниците од студиото на РТС.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе