Пет земји ја поддржаа

Србија побара да не се гласа за Косово во Интерпол

Пет земји членки на Интерпол ѝ се придружија на Србија во барањето гласањето за членство на Косово да се тргне од дневниот ред на генералното собрание на оваа институција.

Тие земји се Кина, Шпанија, Кипар, Аргентина и Суринам, јавува Танјуг.

Гласањето за барањето на приштина за членство во Интерпол, според програмата, би требало да се одржи утре.

Србија и овие пет земји побараа Косово да биде тргнато од дневниот ред.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денес во Дубаи, каде што се одржува собранието на Интерпол, дека продолжува политизацијата на генералното собрание на Интерпол, околу приемот на Косово. Тој кажа дека постои намера да се збунат државите за начинот на кој се гласа, наведувајќи дека ќе биде можно да се оствари увид во резултатите од гласањето, а свесно занемарувајќи го фактот дека тоа не се однесува на тајното гласање.

„Покрај нејасните објаснувања, кои се не само ненавремени, се најавува и процедура дека доколку дојде до гласање во кое Косово нема да го добие потребното мнозинство за влез, потоа да се одреди пауза, а по паузата да има ново гласање. Тоа е целосно спротивно на правилата кои јасно одредуваат дека ќе се одржат две гласање, без да се спомне каква било пауза. Очигледно е дека сите обиди ќе бидат направени за на паузата да се обезбеди потребното мнозинство доколку го нема при првото гласање“, изјави српскиот министер Стефановиќ.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе