Според нормите на меѓународното право

Србија нема да ги прифати резултатите од референдумот во Украина

Србија, во согласност со нормите на меѓународното право, не може да ги прифати резултатите од референдумот во украинските региони Доњецк и Луганск, изјави министерот за надворешни работи во Владата на Србија, Никола Селаковиќ.

Фото: ЕПА

„Од една страна е принципиелна нашата посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите“, рече Селаковиќ.

На прашањето за планот за соработка со Русија потпишан во Обединетите нации, тој рече дека тоа е техничка работа, која се спроведува од 1996 година и дека договорот го напаѓаат „оние што не го ни виделе“, пренесува Н1.

„Нападите на планот не се ништо друго освен барање причина за напад врз Србија“, рече Селаковиќ.

Тој објасни дека планот ги содржи идните потези во однос на консултациите на ОН за Косово, билатералните односи и мултилатералните активности и дека во него нема безбедносна политика.

На маргините на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, Селаковиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го потпишаа Планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за следните две години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе