Србија негира дека намерно ги префрла нелегалните емигранти во БиХ

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин ги отфрли денес во Бања Лука тврдењата дека неговата земја намерно ги префрла нелегалните емигранти во соседна Босна и Херцеговина, поради што емигрантската криза во таа држава ескалира во последните месеци.

EPA-EFE

„Србија не се занимава со тоа“, кажа Вулин по средбата со министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач. Додаде дека во последно време слушнал низа меѓусебни обвинувања на земјите во регионот кои се обидуваат што побрзо да се ослободат од товарот на бегалците и да ги поттикнат да го продолжат патот понатаму.

Вулин во Бања Лука беше чест гостин како министер за одбрана на Србија, а од тој период останаа забележани неговите националистички изјави и полемики со највисоката власт во БиХ. Во новата министерска улога Вулин кажа дека Република Српска е „најважниот приоритет за Србија“.

ВиХ во последно време е силно соочена со проблемот на нелегалните емигранти бидејќи тие таму стигнуваат главно од Србија и Црна Гора. Патот кон Западна Европа им го олеснува фактот што границите меѓу тие земји се порозни и слабо надгледувани и дека постојат добро организирани криминални групи кои ги префрлаат од една во друга земја.

Вулин истакна дека Србија најефикасно во Европа се бори против таквите криминални групи, додавајќи дека сите нелегални емигранти кои доаѓаат до нејзината територија се обидува да ги задржи во прифатни центри, каде се под надзор.

Проблемот со нелегалната миграција, како што оцени, нема да биде наскоро решен бидејќи за тоа нема единствена политика на ЕУ па на земјите кои се на емигрантската рута останува да се борат со тоа како што знаат и умеат.

Министерот за полиција на Република Српска Лукач кажа дека тој не може да ги потврди наводите дека некој намерно ги пропушта емигрантите на територијата на БиХ. Додаде дека проблемот е во тоа што тие за преминување на границата најчесто ја користат реката Дрина која или ја прегазуваат додека е ниско нивото на водата или ја минуваат со чамци.

Тој кажа и дека во последно време е забележан нов феномен бидејќи дел од емигрантите од БиХ почнале да се враќаат назад во Србија, со намера таму во подобри услови да ја поминат зимата па на пролет повторно да се обидат да го продолжат патот кон ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе