Србија најмногу вложила во војската од цел Западен Балкан

Меѓу државите од Западен Балкан, Србија во текот на 2019 година издвојувала најмногу пари за војската.

Тоа го покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Во Србија военото трошење во текот на минатата година, проценува СИПРИ, изнесувало 1,14 милијарди долари, што е зголемување од 326 милиони долари во однос на 2018 година, односно од 43 отсто, пишува Радио слободна Европа.

Со тој скок, Србија во текот на минатата година ја престигна Хрватска која во 2018 година беше на првото место во регионот по воената потрошувачка.

Исто така, на листата на СИПРИ на топ 15 држави со најголем скок во финансирањето во однос на 2018 година, Србија се најде на петтото место.

Сите држави во однос на 2018 година бележат раст во военото трошење со тоа што, во количеството средства што ги издвојуваат, Србија и Хрватска водат, секоја со околу милијарда долари во 2019.

Останатите држави во соседството имаат значително помали воени инвестиции – Албанија 198 милиони долари, БиХ 183 милиони, Македонија 151 милион, Црна Гора 89,3 милиони.

Србија, потсетува Радио слободна Европа, интензивно се вооружува во последните години. Во набавката најмногу зависи од Русија. Меѓу другото, во претходните три години српската војска од Русија купи пет хеликоптери Ми-17В-5 и четири борбени хеликоптери Ми-35М. вложи и во ремонтот на руските ловци МиГ-29, а врз основа на договорот со таа држава, во 2019 беше купен и ракетен противвоздушен систем „панцир С-1“.

Хрватска исто така во последните години ја јакне својата војска. Иако не колку Белград, и Загреб во однос на 2018 година ги зголеми трошоците (за околу 43 милиони долари) и во 2019 изнесувале милијарда долари.

На почетокот на оваа година беше најавено дека својата воздушна одбрана ќе ја зајакне со набавка на нови борбени авиони, но поради кризата со пандемијата на коронавирусот купувањето во меѓувреме беше одложено.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе