Србија надмина 600.000 случаи на коронавирусот, се размислува за трета доза вакцина

Во Србија, која е една од земјите со висок процент на вакцинираност на населението, а денес ја надмина бројката од 600.000 регистрирани случаи на зараза, експертите укажуваат на можноста за давање трета доза вакцина на лицата чиј имунолошки систем не одговорил соодветно со создавање антитела на првата и втората доза.

EPA-EFE

„Тоа можат да бидат и постарите кои не одговориле добро на примените први две дози. Ќе постои потреба за тоа, но не за сите“, предупреди денес Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП).

Таа за Радио телевизија Србија (РТС) кажа дека станува збор за лицата кои одговориле со пониски вредности на антитела“ ако кај нив се забележи „инфекција и развој на симптоми“ и ако „вредноста на антителата исчезнува под мерливите вредности“.

Таа истакна дека за вакцините основани „на новиот концепт“, како на Бајонтек/Фајзер и Астра Зенека, и рускиот Спутник V, кои даваат „брз одговор“ веќе две до три недели од првата доза, примената на втората доза е неопходна за продолжување на дејството за дополнителна ефикасност на вакцинирањето.

Гњатовиќ кажа дека вакцината на кинески Синофарм поттикнува имунолошки одговор значително подоцна бидејќи „синтезата на антитела почнува две недели од примањето на втората доза“, а понекогаш „дури по четири до пет недели по втората доза“.

Антителата, според нејзината оценка, се создаваат кај повеќето луѓе постари од 70 години, главно кај мажите, „послабо од очекуваното“, но дека популацијата од 18 до 65 години добро реагира „и речиси сите го имаат очекуваниот хуморален одговор“.

Додека експертите се двоумат дали треба да се размислува за давање трета доза, Србија денес во 15 часот пријави 2.444.395 дадени дози вакцини против ковид-19, додека 1.015.507 луѓе примиле и втора доза.

Истовремено, епидемиолошкиот пресек покажува дека во последните 24 часа ковид-19 однел уште 38 жртви, а од 17.801 тестиран примерок имало 5.107 позитивни на вирусот, со што Србија ја надмина психолошката граница од 600.000 регистрирани случаи.

Српскиот здравствен систем сè уште трпи големи притисоци бидејќи и понатаму има над 7.000 хоспитализирани, поточно 7.368, од кои 290 на респиратори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе