Србија ѝ подарува на Република Српска 20.000 вакцини

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека со српскиот претседател Александар Вучиќ за следната недела договорил испорака на уште 20.000 вакцини за Република Српска.

EPA-EFE

Србија веќе ѝ донираше на РС 2.000 дози од руската вакцина Спутник V.

„Тој процес на давање вакцини на нашите граѓани ќе биде продолжен во континуитет и одржан на најдобар можен начин“, кажа Додик и додаде дека испораката е договорена за понеделник или вторник.

Србија на Босна и Херцеговина на почетокот на март ѝ достави 10.000 вакцини на Астразенека, а во Сараево ги предаде српскиот претседател Вучиќ.

Во петокот, на 9 април, српската влада му донираше 10.000, од вкупно планираните 20.000 планирани англиско-шведски вакцини  на Кантонот Сараево, еден од десетте кантони на Федерацијата БиХ.

Досега во Србија се вакцинирани над 22.000 странци, меѓу кои Македонци, Црногорци, Хрвати, Албанци и државјани на БиХ, изјави премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе