Во Минхен

Србија и Косово потпишаа договори за железничка врска и автопат Белград-Приштина

Претставници на Србија и Косово потпишаа денес во Минхен договори кои треба да доведат до обновување на железничката врска и изградба автопат Белград Приштина, објавено е на Инстаграм на профилот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Претседателот Вучиќ присуствуваше денес во Минхен на потпишувањето изјава за намера за воспоставување железнички коридор Белград-Приштина и изјава за намера за завршување на изградбата на автопатот Белград-Приштина“, се наведува на профилот buducnostsrbijeav.

Како што се наведува, Вучиќ по потпишувањето кажал дека „тоа е многу важно за Србите кои живеат во Грачаница, Косовското поморавје и Сириниќка жупа“.

Изјавата за намерата во име на Србија ја потпиша директорот на Канцеларијата на владата на Србија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, во присуство на Вучиќ, претседателот на Косово Хаши Тачи, специјалниот претставник на САД за преговорите на Србија и Косово Ричард Гренел и американскиот амбасадор во Белград Ентони Годфри.

Амбасадата на САД во Берлин објави на Твитер дека Гренел „ја отворил Минхенската безбедносна конференција со историско потпишување договор за железница и автопат меѓу Србија и Косово, по минатогодишниот договор за обнова на директните летови меѓу Белград и Приштина“.

Гренел, претставникот на претседателот на САД Доналд Трамп, истакна дека „се обидува што е можно повеќе да се фокусира на економскиот развој и на отворањето нови работни места“.

Тачи кажа дека постигнувањето конечен договор со Србија е можно во текот на оваа година.

„Косово верува во лидерството на претседателот Трамп и неговата администрација. Веруваме дека е можно во текот на оваа година да биде постигнат конечен мировен договор на Косово и Србија“, кажа Тачи.

Тој наведе дека денешниот договор за железницата и автопатот „е најдобрата порака дека во регионот ќе има мир, економски развој и нови работни места, и тоа не само на Косово и во Србија, туку на целиот западен Балкан“.

Денешното потпишување на договорот следи откако претставници на Србија и Косово на 20 јануари во Берлин потпишаа изјава за намери за обнова на летовите меѓу Белград и Приштина, со компанијата Луфтханза.

Тоа беше првиот договор на Косово и Србија по 14 месеци, откако дијалогот за нормализација на односите на двете страни со посредство на ЕУ беше блокиран од ноември 2018 кога Косово воведе царини од 100 отсто на производите од Србија и БиХ.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе