Србија и Грција под лавина критики за тоа како бегалците ја преживуваат поларната зима (ВИДЕО)

Поларната зима што се проби низ Европа и направи хаос со ниските температури ги загрози животите на голем број бегалци што се сместени во камповите во Грција и Србија. Владата на Грција ја критикуваат опозицијата, активистите но и Европската комисија.

Владата на Ципрас пред поларниот бран ветуваше дека во камповите нема да има проблеми и дека ниту еден бегалец нема да биде изложен на студ.

Сепак, ситуацијата во грчките кампови е полоша од ден на ден, и се повеќе луѓе се разболуваат поради лошите услови. Особено ранливи се децата и постарите лица, додека експертите предупредуваат дека на организмот во овие услови му се потребни поголеми количества крана кои бегалците ги немаат.

Особено е голем бројот на бегалците кои добиле запаление на белите дробови и грип бидејќи спијат во шатори кои не се предвидени за вакви студови и не се добро изолирани. Снимките од шаторите прекриени со снег во кампот Морија на Лезбос се раширија по социјалните мрежи и ги покажуваат нечовечките услови во кои живеат бегалците.

Ситуацијата ја забележала и Европската комисија, чија портпаролка изјави: „Ситуацијата е неиздржлива. Но, мора да бидеме јасни, одговорноста е на Грција да обезбеди соодветни услови за примање на бегалците“.

Иако владата се обидува нешто да направи околу проблемот со сместување на бегалците во подобри услови, времето тоа не го дозволува. Акцијата за сместување на бегалците во станови и хотели морала да биде прекината поради големото количество снег кое наврнало.

Во Србија, особено на границата со Унгарија, температурите паднаа до -20 степени Целзиусови, а речиси 2 илјади емигранти практично спијат на отворено, во „транзитните зони“ на српско-унгарската граница.

Државните власти не само што не обезбедиле хуманитарни услови, туку во некои случаи се обиделе и да ги спречат хуманитарните организации при помагањето на бегалците, јавува Хјуман рајтс воч.

Српската влада ги одбила барањата на хуманитарните организации да изгради нови привремени кампови за зимските услови. Минатиот петок конечно биле преместени 80 најранливи лица во веќе преполните кампови низ Србија.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе