Србија ѝ дава на Франција милион евра за обнова на Нотр Дам

Српската влада објави дека Србија ќе ѝ донира на Франција милион евра за обнова на катедралата Нотр Дам, објавено е на официјалните страници на владата.

Со оваа одлука, како што е објаснето во соопштението, „се потврдува вековното пријателство со францускиот народ и се изразува желбата симболот на француската и светска цивилизација што побрзо да се обнови и да се отвори овој храм на културата и уметноста за сите свои идни посетители“.

Познатата париска катедрала Нотр Дам поприлично настрада во пожарот минатиот понеделник. Пожарникарите со огнот се бореа десетина часа, и на крајот структурата на зградата сепак издржа. Иако штетата е непроценлива, бидејќи станува збор за културен и историски споменик, катедралата сепак ќе може да се обнови. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека тоа ќе го направи за пет години.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе