„Ние сме жариштето на Европа“

Србија и БиХ ги враќаат мерките, воведуваат полициски час и карантин (ВИДЕО)

Бројките на новозаразените со ковид-19 по подолг пад во последните недели повторно нагло растат и во Србија и во Босна и Херцеговина.

EPA-EFE

Во последните 24 часа во Сараево се регистрирани дури 824 новозаразени лица од обработени 1.952 теста. Од вчера умреле девет луѓе. Според утринскиот извештај на заводот за јавно здравство на кантонот Сараево, на болничко лекување се 695 пациенти, а на респиратори се 28 пациенти.

Властите во другите општини во БиХ предупредуваат дека состојбата забрзано се влошува. Во поголемиот дел од БиХ прекината е наставата во училиштата и таа повторно се одвива онлајн, но засега нема дополнителни ограничувања на работата на угостителските објекти и продавниците кои можат да работат во текот на целиот ден.

Вакцинирање во БиХ речиси нема бидејќи Федерацијата БиХ сè уште не успеала да купи ни една доза вакцини, додека во Република Српска во моментов се чекаат нови испораки од нарачаната Спутник V.

„Сараево во моментов е најголемото жариште во Европа. Ние сме Бергамо“, кажа претседателот на владата на Сараево Един Форто вчера.

Главниот град на БиХ минатиот викенд беше под „мини карантин“, чија цел беше да се спречи понатамошниот експоненцијален раст на бројот на новозаразените, но локалните власти се свесни дека таа мерка не може да даде особени резултати ако не се применува во сите делови на земјата.

Србија, соочена со повеќенеделен пораст на заразата со коронавирусот и сè поголемиот притисок врз здравствениот систем, вчера одлучи да воведе привремено петдневно затворање за време на кое ќе работат само продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, но експертите тврдат дека тие мерки не се доволни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе