Србија доби уште половина милион дози од Синофарм (ВИДЕО)

Во Србија пристигна нов контингент на кинеските вакцини против коронавирусот на компанијата Синофарм.

EPA-EFE

Нивната испорака на белградскиот аеродром Никола Тесла ја дочека српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа претходно денес најави дека треба да стигнат 500.000 дози од вакцината на Синофарм.

„Вкупно од Кина добивме 2,5 милиони вакцини. Сите останати ги имаме нешто помалку од милион. Утре кога ќе пристигнат уште 106.000 вакцини на Фајзер ќе ја поминеме цифрата од 3 милиони вакцини кои ги доби Србија. Кога велам ги доби, значи испорачани, сите вакцини ги плативме, како и Астра Зенека од Ковакс што ја плативме“, кажа српската премиерка и ѝ се заблагодари на Кина.

Таа истакна дека во овој момент околу 26 отсто од полнолетните граѓани на Србија примиле барем една доза од вакцините. Од популацијата од 65 до 74 години вакцинирани се над 51 отсто од населението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе