Срамна цензура во британските медиуми: забранета новата насловна на Шарли ебдо (ВИДЕО)

Соработничката на Шарли ебдо Каролин Фурест на Скај њуз кажала дека британските медиуми ја предале новинарската професија со одлуката да не ја објавуваат насловната страница од новиот број бидејќи е навредлива за муслиманите.

„Многу сум тажна поради тоа. Мислат дека луѓето не се доволно зрели самите да одлучат дали сликата ги навредува или не. Сосема е неверојатно што во Велика Британија не може да се покаже оваа карикатура“, кажала Фурест во емисијата во живо подигнувајќи ја со рацете спорната насловна. Снимателот веднаш реагирал и насловната страница со Мухамед кој држи натпис „Јас сум Шарли“ ја исфрлил од кадарот. Потоа јавувањето го префрлиле во студиото, а водителката Даршини Давид го прекинала интервјуто и ѝ се заблагодарила на Фурест за гостувањето.

„Уредниците на Скај њуз решија да не ја прикажуваат таа насловна страница, па не сакавме да го направите тоа. Им се извинувам на сите гледачи кои поради ова беа повредени“, кажала збунетата водителка.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе