Според компанијата што ја произведува вакцината

Спутник V добро се покажал против мутациите на вирусот

Руската вакцина Спутник V покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за Ројтерс Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, кој ја разви руската вакцина.

EPA-EFE

„Неодамнешна студија која ја спроведе Гамалеја центарот во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината Спутник V функционира многу добро против новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ги соевите на вирусот од Британија и Јужноафриканската Република“, кажа Логунов.

Тој додаде дека, според тврдењата на руските истражувачи, „се верува дека вакцините засновани на вектори всушност се подобри за идните ревакцинации од вакцините засновани на други платформи“.

Ројтерс пренесува дека наскоро се очекува објавување на резултатите од тестирањата.

Логунов кажа дека истражувањето покажало дека ревакцинацијата не влијаела врз ефикасноста на вакцината. Според него, „антителата специфични за векторите кои ги користи Спутник V, а кои би можеле да генерираат антивекторска реакција и да ја поткопаат работата на самата вакцина, ослабеле веќе 56 дена по вакцинацијата“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе