Земјата од 2015 е поделена меѓу две ривалски влади

Спротивставените страни во Либија потпишаа договор за траен прекин на огнот

Соперничките страни во либискиот конфликт потпишаа договор за траен прекин на огнот, кој Обединетите нации го прогласија за историски, по повеќегодишната војна која земјата ја подели на два дела.

EPA-EFE

Договорот, кој меѓу другото предвидува странските платеници да ја напуштат земјата, поставува рамка за политички преговори во ноември, за да се најде трајно решение за хаосот во кој потона Либија, откако по бунтот во 2011 година и интервенцијата на НАТО беше урнат и убиен долгогодишниот лидер на земјата Моамер Гадафи.

Земјата од 2015 е поделена меѓу две ривалски влади, меѓународно признатата во Триполи која ја предводи Фајез Сараџ и бунтовничката на истокот на земјата, чии сили ги предводи генералот Калифа Хафтар.

Претходните дипломатски иницијативи за прекин на конфликтот во повеќе наврати пропаѓаа, но договорот, на кој посредуваа Обединетите нации, има цел да го зацврсти повеќемесечното затишје во борбите и да му даде поттик на политичкиот процес.

„Почестена сум што сум денес со вас и сум сведок на моментот кој ќе влезе во историјата“, кажа Стефани Вилијамс, претставничката на ОН за Либија, која неделава посредуваше во преговорите кои се водеа во Женева.

Таа, меѓутоа, изрази претпазливост, истакнувајќи дека „претстои долг и тежок пат“.

Не е јасно како ќе се спроведе прекинот на огнот, но Вилијамс кажа дека силите на меѓународно признатата влада на национално единство на Либија и нелегитимните сили, лојални на генералот Хафтар, се договориле да се вратат во „своите бази“ и дека договорот ќе стапи на сила веднаш.

Странските платеници ќе се повлечат „од сите либиски територии од копно, воздух и море“ во рок од три месеци, додаде таа, повикувајќи се на илјадниците сириски милитанти кои Турција и Русија ги распоредија на спротивните страни на конфликтот.

Договорот, кој вклучува и формирање заеднички воени сили и следење на евентуалното кршење, кажа Вилијамс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе