Бугарија

Спречен терористички напад во Пловдив, малолетен џихадист сакал да активира бомба во училиште

Бугарската полиција во соработка со Агенцијата за безбедност и обвинителството уапсила малолетен џихадист кој се спремал за терористички напад во Пловдив.

Станува збор за бугарски државјанин, кој, според изворите на бугарските медиуми е помлад од 18 години.

Неговата намера била да активира рачна бомба на последниот училиштен ден. Бомбата била најдена во неговата куќа.

За момчето и неговото семејство во полициските досиеја досега не биле забележани никакви радикални активности.

Тој е уапсен во заедничка операција на министерството за внатрешни работи на Бугарија, Агенцијата за државна безбедност и обвинителството.

При претресот на неговата куќа биле откриени различни делови на несоставената бомба. Момчето во моментов соработува со психолози на бугарската полиција, кои се обидуваат да ги откријат неговите мотиви.

Извори од бугарското министерство за внатрешни работи наведуваат дека младите од непознати причини во последно време се сѐ поподложни на исламистичката радикализација.

Ова е првпат во Бугарија да биде спречен терористички напад.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе