Спречен нов напад во Франција, фатени се двајца браќа од Египет

Спречен е нов напад во Франција, кој можел да биде изведен со експлозив или со отров, и фатени се двајца браќа со египетско потекло, кажа во петокот министерот за внатрешни работи Жерар Колон.

„Две момчиња со египетско потекло се подготвуваа да изведат атентат или со експлозив или со отров (...) мошне јак“, изјави министерот за телевизијата БФМТВ. 

„Имаа упатства за тоа како да подготват отрови на база на рицин“, рече министерот. 

Шифрираните пораки ги разменувале преку Телеграм, додаде тој.

„Фатени се во 18-от париски арондисман“, на северот на престолнината, кажа за агенцијата АФП извор близок на истрагата. Едниот од двајцата мажи призна дека го подготвувале чинот, додаде истиот извор.

Според истиот извор, фаќањето е изведено на 11 мај, спроти нападот со нож во Париз што го изведе Хамзат Азимов, џихадист по потекло од Чеченија, кој уби едно лице, а пет рани во квартот Опера. 

Француската полиција во четвртокот го приведе пријателот на напаѓачот, француско-рускиот државјанин, дваесетгодишниот Абдул Хаким А. и тој ќе биде испрашан со обвинение за „придружување на терористите заради подготовка атентат врз луѓе“. 

Полицијата приведе и две млади жени, блиски на Абдул Хаким А.

Премиерот Едуар Филип објави на крајот на март дека француските служби од јануари 2015 година спречија вкупно 51 напад . 

Во Франција бранот џихадистичко насилство почна во јануари 2015 година, кога во нападот на седиштето на сатиричното списание Шарли ебдо, на полициската станица Монруж близу Париз и на супермаркетот во Париз се убиени 17 лица.

Со нападот во саботата, од почетокот на бранот џихадистички напади во Франција се убиени вкупно 246 лица.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе