петок, 19 април 2024

Дебакл на англиските клубови, им остана само еден тим во Европа

Според многумина Премиерлигата е најдобрата лига во светот, но англиските тимови оваа сезона не се прославија во Европа, напротив доживеаа катастрофа.

Објавено на

часот

Сподели

Англија остана само со еден полуфиналист во Европа и тоа во најслабото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Честа на Англичаните ќе ја брани Астон Вила која за среќа на клупата го има специјалистот за Европа, Унаи Емери.

Еден полуфиналист имаат и Шпанците, но тоа е во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

Германците имаа дури тројца полуфиналисти од кои два во ЛШ, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, го имаат и Леверкузен во Лига Европа.

Италија има исто така тројца полуфиналисти, но ниту еден во Лигата на шампионите. Рома и Аталанта останаа во Лига Европа, а Фиорентина во Конференциската лига.

Полуфинале ЛШ:
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Борусија Дортмунд – ПСЖ

Полуфинале ЛЕ:
Марсеј – Аталанта
Рома – Баер Леверкузен

Полуфинале КЛ:
Астон Вила – Олимпијакос
Фиорентина – Клуб Бриж

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ