Лоциран пред второто најголемо пристаниште во земјата

Спорниот ирански танкер се приближува кон Сирија

Иранскиот танкер Адријан Дарја 1, кој е во центарот на спорот меѓу Техеран и западните земји и кој пред неколку дена ги исклучи предавателите, е снимен со помош на сателит пред сириско пристаниште, објави американската вселенска компанија Максар технолоџис.

Според сателитските слики од таа компанија, танкерот на 6 септември бил многу близу до сириското пристаниште Тартус.

Според податоците на компанијата, која ги следи движењата на бродовите низ целиот свет, танкерот се чини дека ги исклучил транспондерите додека бил во Медитеранот западно од Сирија.

Танкерот, кој пренесува иранска сурова нафта, последен пат ја откри својата локација со сигнал додека беше помеѓу Кипар и Сирија.

Бродот, претходно со име Грејс 1, беше запрен од британската морнарица во близина на Гибралтар на 4 јули под сомнение дека возел нафта во Сирија прекршувајќи ги санкциите на ЕУ.

Две недели подоцна Иран за одмазда заплени британски танкер во Ормускиот теснец.

Гибралтар го ослободи иранскиот танкер на 15 август, откако доби уверување од Техеран дека бродот нема да ги истовари 2,1-те милиони барели нафта во Сирија.

Експертите оценија дека танкерот најверојатно ќе ја префрли нафтата на друг брод откако Иран објави дека договорил нејзина продажба.

Вашингтон ги предупреди државите да не помагаат во претоварувањето на нафтата затоа што тоа ќе го сметаат за поддршка на терористичка организација - Иранската револуционерна гарда.

Министерството за финансии на САД го стави танкерот на својата црна листа.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе