Според анкетите: И покрај кавгите Милановиќ е пред Пленковиќ

Последното истражување на Кро демоскоп покажува дека владејачката партија ХДЗ и понатаму има предност врз највлијателната опозициска партија СДП, додека истовремено поранешниот лидер на таа партија, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ е во значајна предност во однос на премиерот Андреј Пленковиќ.

EPA-EFE

Владејачката партија останува првиот избор меѓу анкетираните со сличен рејтинг како во претходното истражување со 26,8 отсто поддршка, објави хрватски РТЛ, со напомена дека ХДЗ веќе трет месец бележи благ пад.

Вториот избор на анкетираните е опозициската СДП со 19,5 отсто, а на третото место е платформата Можеме со 8,2 отсто.

И покрај кавгите и јавните навредувања на претседателот и премиерот најмногу поддршка има Милановиќ, додека Пленковиќ е втор со речиси пет отсто помалку.

На Милановиќ, се напоменува, му пораснал рејтингот на 22,7 отсто во однос на 18 од претходното истражување и ова е, како што се наведува, неговиот најдобар рејтинг во изминатата недела.

Благ раст бележи и Пленковиќ кого како најдобар го гледаат 16,9 отсто анкетирани во однос на претходното истражување, кога имал 15,8 отсто.

Далеку под нив е лидерот на СДП Пеѓа Грбин со 4,1 отсто поддршка.

На врвот на негативната скала редоследот е обратен – прв е Пленковиќ (25,3 отсто), а втор Милановиќ со 16,4 отсто, а следи претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ со 4,8 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе