Дигитално насилство

Споделувале експлицитни снимки од жени: во одмаздничка група членувале 36.000 мажи од Балканот

На апликацијата Телеграм се појавила група во која членувале 36.000 мажи од Балканот, а во која мажи споделувале експлицитни фотографии, снимки, но и адреси на жени од овие простори. Очигледно е, како што пренесува српскиот портал Нова, дека станува збор за одмаздничка порнографија.

EPA-EFE

Групата сега е избришана, но функционирала така што членовите пишувале од каде се, па чекале некој од останатите членови на групата да им испратат фотографии, контакти па дури и адреси на девојките од тоа место.

До сознанија за постоењето на таа група дошла инстаграм страницата „Критички“ на која ѝ се јавила загрижена жена, со сомнеж дека во групата се споделуваат и фотографии и снимки на малолетнички, како и дека со откривањето на идентитетот и местото на живеење бројни жени се доведуваат во опасност.

Во меѓувреме на Твитер се појавија и допишувања на мажите во групата.

Корисничка на Твитер разоткрила како изгледа групата на Телеграм и наскоро добила закани.

А потоа разоткри уште една група со слична содржина, чија тема се исклучиво девојки од Ниш, со речиси 25.000 членови.

Феминистичкиот колектив Женска солидарност, пишува Нова, напиша дека одмаздничката порнографија е дигитално насилство, средство кое го користат насилниците за да ја понижат жртвата, да ја замолчат и на крај да ја истурат вината врз неа. Меѓутоа, виновникот не е жртвата. Виновникот е лицето, најчесто мажот, кој ги објавува фотографиите и снимките испратени во доверба.

„Жртви на одмаздничката порнографија се најчесто жени и девојчиња. Но, синџирот на одмаздничката порнографија не оди само од жртвата до насилникот, туку до сите луѓе кои ги споделуваат, коментираат и понатаму ги дистрибуираат протечените и без согласност објавени снимки и фотографии. За вашите фотографии да завршат во групи како овие, доволно е само да бидете родени како лице од женски пол. Критериум за фотографиите не постои. Објавувани се и селфи фотографии, со барање информации за жената“, се додава во текстот.

Се истакнува дека, доколку наидете на ваква содржина на Телеграм, Инстаграм или која било друга социјална мрежа, тоа може да го пријавите преку опциите кои се достапни на речиси сите мрежи, но и во полиција.

Бурни реакции

Откако била разоткриена групата, социјалните мрежи се вжештиле. Коментари има најразлични – додека многумина го осудија ваквото однесување на мажите на интернет, други вината ја префрлија на жените, бидејќи „доброволно испраќале голи фотографии“.

Жените се предупредени дека самите се виновни ако нивни интимни фотографии недозволено се шират, иако во таквите групи се споделуваат и обични селфи фотографии на жени.

Меѓутоа, многу повеќе има коментари за поддршка на жените кои се жртви на одмаздничката порнографија, како и оние кои ги осудуваат мажите кои со тоа се занимаваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе