ПОЖАРИ ПО ДАЛМАЦИЈА

Сплит се спаси од поголема катастрофа, пожарот под контрола

Далмација гори цел ден, а попладнево пожарот го зафати и најголемиот далматински град Сплит.

Пожарите по хрватскиот јадрански брег почнаа кај селото Тугар над Омиш и во текот на денот се проширија кон Сплит. Цело утро и попладнево жителите од овој регион беа сведоци на апокалиптични сцени.

Попладнево пожарот го зафати и сплитското предградие. Освен пожарникарите, во гасењето на пожарот помагаше и војската и авионите за гасење кои цело утро не можеа да полетаат поради силната бура.

Небото на Сплит беше брзо покриено од густи, црн чад. Се запали и бензинската пумпа кај Солин, гореше и недалеку од гробиштата Ловринац, а на крајот пожарот ја зафати и депонијата Кареповац.

Сообраќајот на повеќе патни правци во текот на денот беше затворен. Во Сплит сѐ мириса на чад, кафулињата се затворени, делови од градот немаат струја... Ќе се дежура цела вечер, но пожарникарите смируваат и велат дека најопасното во однос на Сплит помина.

Индекс.хр

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе