Спектакуларно бегство на демонстрантите во Хонг Конг кои беа под опсада на полицијата во кампус (ВИДЕО)

Десетици хонгконгшки демонстранти кои полицијата ги опколи во кампусот на универзитетот успеаја да избегаат откако падна мрак.

Пекинг се закани дека ќе ја „реши политичката криза“ во својата автономна територија на југот.

Под опсада на полицијата која го опсадна Политехничкиот универзитет, бастионот на петмесечните протести, демонстрантите преку мост се симнаа на улица од каде ги одвезоа нивни соработници на мотоцикли.

Полицијата се закани дека ќе употреби „боева муниција“ против „смртоносното оружје“ на радикалните демонстранти кои на полицијата фрлаат цигли и Молотови коктели.

Засега не се знае колку демонстранти останале во кампусот.

Немирите во поранешната британска колонија преминаа минатата недела во многу порадикална и понасилна фаза, што доведе до затворање на училиштата.

Кинеските војници, кои се во Хонг од 1997 година, кога власта од Пекинг ги презема градот и околината, минатиот викенд излегоа од касарните, но само за да ги отстранат барикадите на демонстрантите. Исклучително ретката појава на војници на улиците, иако во цивилна облека, поттикна гласини дека претстои воена интервенција.

Демонстрантите во Хонг Конг сепак планираат да ги продолжат блокадите за да ја „задушат економијата“ на еден од главните финансиски центри на планетата, кој веќе е во рецесија.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе