Спектакл на италијанското воздухопловство: симбол на силата и отпорот за време на пандемијата (ВИДЕО)

Воздухопловната претстава, која пилотите вообичаено ја изведуваат, овојпат беше изведена со тоа што млазните авиони го обоија небото во боите на италијанското знаме, додека аријата Несун дорма во изведба на Лучијано Павароти беше музичката подлога за спектаклот.

Пораката на песната која значи „Никој нека не спие“ делува порелевантно од кога било.

На Твитер една жена напиша дека италијанското воздухопловство на својот народ му дало голема емоционална поддршка со оваа изведба во која се гледа драматично соочување на авионите со боите на италијанското знаме со еден авион (вирусот).

Снимката од спектаклот брзо се рашири по интернет па дури и американскиот претседател Доналд Трамп ја сподели снимката со порака: „Америка ја сака Италија“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе