Спејсекс укинува 600 работни места

Производителот Спејсекс, компанија основана од страна на познатиот претприемач Илон Маск објави дека ќе отпушти околу 10 отсто од вкупниот број на 6.000 вработени во пресрет на „претстојниот период на исклучително тешки предизвици“, пренесе Гардијан.

„Со цел да продолжиме со испораките кон нашите клиенти и за да успееме да развиеме меѓупланетарно летало и глобален интернет базиран во вселената, Спејсекс треба да стане поефикасна компанија“, рече во петокот портпаролот на компанијата.

Во јуни минатата година, извршниот директор Илон Маск отпушти најмалку седум лица од високиот менаџерски тим што го водеше проектот за лансирање на сателитот Спејсекс, објави Гардијан во ноември. Отказите беа поврзани со несогласувања околу темпото со кое тимот ги развивал и тестирал сателитите Старлинк.

Програмата Старлинк на Спејсекс се натпреварува со Уанвеб (OneWeb) и канадскиот Телесат за кој прв ќе го отвори пазарот за нова сателитска интернет услуга.

Минатиот месец Спејсекс ја реализираше својата прва вселенска мисија поврзана со американската мисија на национална безбедност кога ракетата на Спејсекс носејќи сателит на американската воена навигација беше лансирана од Кејп Канаверал во Флорида.

Неодамна Вол стрит џурнал објави дека Спејсекс земал дополнителни 500 милиони долари во капитал па така вредноста на компанијата изнесува 30,5 милијарди долари.

Оваа компанија со седиште во Хоторн, Калифорнија, претходно ги објави плановите за патување до Марс во 2022 година, по што до 2024 година ќе следува мисија на испраќање луѓе до Црвената планета.

Другата компанија на Илон Маск, производителот на електрични автомобили Тесла, во јуни соопшти дека намалува 9% од својата работна сила со скратување на неколку илјади работни места во компанијата со своите мерки за намалување на трошоците.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе