Спејсекс на Илон Маск ќе испрати турист на пат околу месечината

Спејсекс на Илон Маск го најави новиот план да испрати прв турист на пат околу месечината, со помош на нивната Биг Фалкон ракета (БФР), масивно лансирно возило кое е дизајнирано да ги носи луѓето во вселената.

„Спејсекс се договори да го испрати првиот светски приватен патник на лет околу Месечината во нашето БФР летало - важен чекор за да им се овозможи пристап на обичните луѓе кои сонуваат да патуваат во вселената“, објави Спејсекс на Твитер.

„Во понеделник, на 17 септември, откријте кој ќе лета и зошто“, додадоа од Спејсекс најавувајќи дополнителни информации за во понеделник на настанот кој ќе трае од 5:30 до 19:00 часот.

Во февруари 2017 година, Спејсекс објави дека ќе ги испрати првите два светски вселенски туристи околу Месечината кон крајот на 2018 година.

Тој план значеше тие да се возат на Дрегон кру леталото, слично на карго леталата кои Спејсекс рутински ги испраќа натоварени со пратки до Меѓународната вселенска станица.

Сепак, компанијата остана нема за овие планови во последниве месеци.

Имињата и идентитетите на двајцата туристи, и колку намераваат да платат, никогаш не беа откриени, пренесе АФП.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе