За Рама вежбата на марширање е најтешката вежба на светот.
Албанскиот премиер на Фејсбук напиша дека на овој натпревар ќе учествуваат 160 тима од 30 земји.
„Моменти од подготовките на елитните трупи на оружените сили на Албанија и косовските безбедносни сили за најтешката вежба на марширање на светот, Камбриската патрола, каде двете албански трупи ќе се натпреваруваат на планините на Велс, во Обединетото Кралство, меѓу 160 екипи од 30 земји ќе маршираат 48 часа со 45 килограми опрема по многу стрмен терен“, напиша Рама.