Советот на Европа ја откажа набљудувачката мисија на изборите во Албанија

Советот на Европа ја откажа својата набљудувачка мисија за локалните избори во Албанија поради безбедносните закани и нејаснотијата околу организирањето на изборите.

Станува збор за набљудувачка мисија која требаше да го следи изборниот процес на 30 јуни во кој албанската опозиција не учествува, а албанскиот претседател Илир Мета пред две недели донесе одлука за одложување на изборите поради длабоката политичка криза во земјата.

„Одлуката за откажување на мисијата ја усвои Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност околу организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можните безбедносни ризици во одредени области“, се наведува во соопштението.

Советот на Европа ја усвои одлуката во момент на исклучителна поларизација на политичката криза во Албанија, во услови кога опозицијата е надвор од парламентот, а албанската влада е категорична дека ќе ги спроведе изборите, иако во 35 од 61 општина во земјата во трката за градоначалници учествуваат само кандидати на владејачката коалиција предводена од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама.

Албанија е членка на Советот на Европа од 13 јули 1995 година и со членството ги прифатила сите обврски кои треба да ги почитуваат сите земји членки на паневропската организација.

Албанската опозиција ги напушти државните институции и неколку месеци протестира на улиците на градовите, со барање за оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада и распишување општи избори.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе