Советот на Европа ја обвини Грција дека ги враќа мигрантите

Највисокото европско тело за следење на човековите права ја повика Грција да престане да ги враќа барателите на азил од своите граници, практика што Атина негира дека ја спроведува.

Фото: ЕПА

Во писмото до грчките министри од 3 мај, објавено во средата, комесарката за човекови права на Советот на Европа рече дека имало „голем број веродостојни обвинувања“ од најмалку 2017 година за баратели на азил илегално вратени во Турција или оставени на море, кои Атина едноставно ги напуштила.

УНХЦР, агенцијата на Обединетите нации за бегалци, исто така собра информации што укажуваат на неколку десетици враќања од јануари 2020 година, се вели во писмото на комесарката Дуња Мијатовиќ.

„Ве повикувам вас (Грција) да престанете со овие практики и да осигурите дека се спроведуваат независни и ефективни истраги за сите обвинувања за враќање и лошо постапување од страна на припадниците на безбедносните сили“, рече Мијатовиќ.

Во одговорот, исто така објавен од канцеларијата на Мијатовиќ, Грција вели дека ги испитала наводите и открила дека „во голема мера се неиздржани“.

„Акциите преземени од грчките власти, на нашите морски граници, се спроведуваат во целосна согласност со меѓународните обврски на земјата“, му одговориле грчки министри на Советот.

Тие рекле дека Грција спасила илјадници луѓе од почетокот на мигрантската криза во Европа во 2015 година и дека полицајците морале да си ја вршат работата „во неповолни услови на намерно дезинформирање, кои во повеќето случаи произлегуваат од мрежите на шверцерите“.

Мијатовиќ исто така рече дека условите за живот во грчките преполнети островски кампови остануваат „супстандардни“.

Зборувајќи за Ројтерс, таа го цитираше случајот на 28-годишен Сомалиец на островот Хиос минатата недела, кој починал од белодробна состојба и чие тело било обележано со потенцијални угризи од стаорец.

„Ова е трагична илустрација за ужасните услови во кои илјадници луѓе со години живеат на грчките острови во Егејот“, рече Мијатовиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе